Handan Kazancı
30 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа тројца терористи на ПКК во северен Ирак, се соопштува од Министерството за национална одбрана денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите на ПКК идентификувани преку извидување и надзор во северниот ирачки регион Авасин-Басјан, беа неутрализирани со воздушна операција“, се вели во соопштението на Министерството.
„Антитерористичките операции против терористичката група ПКК решително продолжуваат“, се додава во соопштението.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е нејзин сириски огранок.