Esin Işık
06 Август 2021•Ажурирај: 07 Август 2021
АНКАРА
Министерството за национална одбрана на Турција сооопшти дека се неутрализирани двајца терористи во регионот Гара во северен Ирак, и еден терорист во регионот на „Извор на мирот“ во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата споделена на социјалните медиуми на Министерството за одбрана, се наведува дека борбата против тероризмот продолжува ефикасно и одлучно.
Во соопштението се нагласува дека двајца терористи на ПКК откриени во Гара на северот на Ирак се неутрализирани со воздушни операции, а еден терорист на ПКК/ЈПГ, кој се обиде да се инфилтрира во регионот на „Извор на мирот“ е неутрализиран од страна на турските командоси.
Турските сили во текот на изминатите четири години изведоа неколку успешни антитерористички операции во северна Сирија, по должината на сириско-турската граница: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019). Целта на овие операции беше ослободување на пограничниот појас од терористичките организации, спречување на формирањето терористички коридор и воспоставување безбедна зона за цивилите.
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат и во северниот дел на Ирак, од каде што планираат напади на Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.