Mustafa Deveci
06 Август 2021•Ажурирај: 06 Август 2021
КУДС
Израелска телевизија соопшти дека од Либан кон израелската страна биле лансирани најмалку 10 ракети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека огласени биле сирени во селото Еин Киније и во населената зона Снир кои се наоѓаат на окупираната Голанска Висорамнина.
Во соопштението не се дадени информации за бројот на лансирани ракети кон ова подрачје, како и за тоа дали има жртви или материјална штета.
Од друга страна, во веста на израелската телевизија „Канал 13“ се наведува дека од Либан кон израелската страна биле лансирани најмалку 10 ракети, и дека се огласени сирените на Голанската Висорамнина.
Инаку, на 4 август од Либан кон израелската страна беа лансирани 3 ракети, додека израелската војска како одговор против лансираните ракети, со артилериски гаѓања и воздушни бомбардирања погоди некои подрачја во Либан.