Mustafa Deveci
06 Август 2021•Ажурирај: 11 Август 2021
КУДС
Израелската војска објави дека со артилерија започнала да гаѓа некои цели во Либан како одговор на 10 ракети истрелани во Израел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од војската е соопштено дека повеќе од 10 ракети се истрелани од Либан на израелската страна, поголемиот дел е уништен со системот ПВО, додека останатите паднале на ненаселени подрачја.
Како одговор на истреланите ракети, израелската војска со артилериски и воздушни бомбардирања погоди некои подрачја во Либан.
„Од Либан на израелската страна се лансирани 10 ракети“, објави претходно денеска израелската телевизија „Канал 13“, повикувајќи се на воени извори.
Како што соопшти израелската војска, сирените за тревога се огласија во местата Еин Киније и Снир, на окупираната Голанска Висорамнина.
Не се објавени информации за евентуалните жртви и материјалната штета.
Од Либан врз Израел на 4 август беа лансирани три ракети.
Израелската војска возврати со гранатирање и воздушни напади врз деловите на Либан.