Muhammed Enes Çallı
29 Ноември 2024•Ажурирај: 30 Ноември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку 13 терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти денес Министерството за национална одбрана, јавува Анадолу.
Терористите беа цел на операција во регионите Гара и Хакурк, соопшти Министерството на социјалната мрежа Х.
ПКК е позната по тоа што го користи северен Ирак, во близина на турската граница, како засолниште за планирање терористички напади против Туркије.
Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.