Ferdi Türkten
09 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
БАКУ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со специјалниот авион „ТРК“ пристигна во посета на азербејџанскиот главен град Баку, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на аеродромот „Хајдар Алијев“ во Баку беше пречекан од страна на вицепремиерот на Азербејџан, Јакуб Ејубов, заменик министерот за надворешни работи на Азербејџан, Рамиз Хасанов и амбасадорот на Турција во Баку, Еркан Озорал.
Турскиот претседател е придружуван од неговата сопруга Емине Ердоган, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, портпаролот на Партијата АК, Омер Челик, потпретседателот на партијата, Махир Унал, портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, како и шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун.