Serhat Zafer
14 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
СИВАС (АА) - Планинскиот зимски спортски и туристички центар Јилдиз во Сивас по љубителите на скијањето е домаќин и на професионалните параглајдеристи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за планински зимски спортови и туризам „Јилдиз“, соопшти дека продолжуваат со услугите под слоганот „Најбезбедниот, најекономичен, најмладиот ски-центар во Турција“.

Центарот привлекува внимание со разновидните патеки, наклонот на скијачките терени, висината на планината, квалитетот на снегот, можноста за скијање дење и ноќе, спортовите на вода и летните активности.
Професионалните спортисти се воодушевени од пејсажот на планината Јилдиз за време на нивниот лет со параглајдер од надморска височина од 2.200.
Хусеин Чошкун, еден од спортистите, истакнувајќи дека на планината Јилдиз летал со параглајдер и во лето и во зима рече дека ги поканува параглајдеристите да дојдат на планината.
Националниот спортист Сердар Сачли наведе дека со години планирал да лета во регионот и е среќен што неговиот сон се остварил.