Doğa Kırmızıoğlu
09 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
АНКАРА
Утре се играат последните натпревари по групи во 12-те групи од второто по важност фудбалско клупско натпреварување, УЕФА Лига Европа, по што ќе бидат познати сите учесници од 16-финалето во ова натпреварување, известува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на последното, 6. коло, од натпреварите во групната фаза утре се играат 23 натпревари во УЕФА Лига Европа.
Натпреварот меѓу Виљареал, кој го загарантира пласманот во наредната фаза од ова натпреварување, и Карабах во групата И е одложен за друг датум поради случаи на Ковид-19 кај азербејџанскиот претставник.
Распоред на натпреварите во Лига Европа што ќе се играат утре:
18:55 Риека - АЗ Алмаар
18:55 Лех - Глазгов Ренџерс
18:55 Баер Леверкузен - Славија Прага
18:55 Дандалк - Арсенал
18:55 ПАОК - Гранада
18:55 Рапид Виена - Молде
18:55 Хапоел Беер Шева - Ница
18:55 Јанг Бојс - Клуж
18:55 ЦСКА Софија - Рома
18:55 Наполи - Реал Сосиедад
18:55 ПСВ Ајндховен - Омонија
18:55 Стандард Лиеж - Бенфика
21:00 Слован Либерец - Црвена Звезда
21:00 Динамо Загреб - ЦСКА Москва
21:00 Волфсбергер - Феенорд
21:00 Брага - Зорја Луганск
21:00 Тотенхем - Антверпен
21:00 Лестер Сити - АЕК
21:00 Селтик - Лил
21:00 Хофенхајм - Гент
21:00 Лудогорец - ЛАСК
21:00 Макаби - Тел Авив
21:00 Спарта Прага - Милан.