Nuri Aydın,Zuhal Demirci
09 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
АНКАРА
Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во светот е детектиран кај повеќе од 68.741.605 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците што ги објави порталот „Worldometers“, на светско ниво од последици предизвикани од заразеност со коронавирусот животот го загубија 1.566.602 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во светот изнесува 68.741.605, додека 47.663.513 заразени оздравеа.
САД се земја со најголем број на заразени и смртни случаи предизвикани од коронавирусот во светот со 15.594.939 лица позитивни на вирусот и 293.503 смртни случаи. Само во последните 24 часа во САД животот го загубија 1.593 лица заразени со Ковид-19.
Земји во светот во кои, покрај САД, бројката на лица позитивни на коронавирус изнесува над 500.000:
Индија (9.735.975), Бразил (6.675.915), Русија (2.515.009), Франција (2.309.621), Италија (1.757.394), Велика Британија (1.750.241), Шпанија (1.715.700), Аргентина (1.469.919), Колумбија (1.384.610), Германија (1.218.325), Мексико (1.193.255), Полска (1.076.180), Иран (1.062.397), Перу (976.621), Турција (893.630), Украина (832.758), Јужноафриканска Република (821.889), Белгија (594.572), Индонезија (586.842), Холандија (570.437), Ирак (568.138), Чиле (563.534), Чешка (551.070) и Романија (524.675).
Земји во светот во кои, покрај САД, бројката на смртни случаи надминува 10.000 се:
Бразил (178.184), Индија (141.398), Мексико (110.874), Велика Британија (62.033), Италија (61.240), Франција (56.352), Иран (50.917), Шпанија (46.646), Русија (44.159), Аргентина (40.009), Колумбија (38.158), Перу (36.401), Јужноафриканска Република (22.432), Полска (20.592), Германија (20.161), Индонезија (18.000), Белгија (17.507), Чиле (15.680), Турција (15.314), Украина (13.928), Еквадор (13.794), Канада (12.867), Романија (12.660) и Ирак (12.477).