Zafer Fatih Beyaz
23 Февруари 2022•Ажурирај: 23 Февруари 2022
АНКАРА (АА) ‒ Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Директоратот за комуникации на претседателот на Турција се вели дека двајцата лидери разговарале за натамошното зајакнување на соработката меѓу Турција и Азербејџан, како и за регионални прашања.
Тие особено се осврнаа на прашањата за односите со Ерменија и за руско-украинската криза.
Ердоган и Алиев ја потврдија својата решеност да дејствуваат на координиран начин за билатералните односи и важните регионални прашања.