Nuran Erkul Kaya
10 Јануари 2019•Ажурирај: 11 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓу турската компанија „Albayrak“ и хрватската „Kalender Consulting“, со седиште во Загреб е потпишан договор за продажба на „Wattozz“, електрошок-пиштол од турско производство, а станува збор за договор вреден 10 милиони долари. Компанијата од Загреб ќе врши застапување и дистрибуција на електричниот пиштол во Албанија, БиХ, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од турската компанија „Albayrak“ е наведено дека претходно е потпишан договор за продажба на домашен и национален електрошок-пиштол со малезиската компанија „Dian Synergy“, во вредност од 5 милиони долари.
По договорот со Малезија, турската компанија продолжи со склучување на нови меѓународни договори.
„Новиот колективен договор вреден 10 милиони долари е потпишан со компанијата „Kalender Consulting“ од Загреб, која ќе врши застапување и дистрибуција во Албанија, БиХ, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија“, наведоа од компанијата „Албајрак“.
Освен за земјите на Балканот, потпишан е преддоговор за продажба на „Wattozz“ и за Грузија, а во скоро време се очекуваат и преговори за продажба во Германија, Велика Британија и Виетнам.
Претседателот на Управниот одбор на турската компанија, Аднан Албајрак, коментирајќи ја веќе завидната побарувачка за ова оружје од турско производство, изјави дека „Wattoz“ бил и единствен безжичен електрошокер-пиштол на далечинско управување во светот.
Албајрак додаде дека „Wattozz“, во споредба со американскиот конкурент „Taser“, има голем број посебности и дека сѐ повеќе ќе биде застапен кај полициските сили во светот, и ќе ја намали употребата на огнено оружје.
„Ќе спречиме смртни случаи и случаи на тешко ранување. Многу сме среќни и горди што за нашиот домашен и национален производ се интересираат полициските и безбедносните сили од целиот свет. Започнавме со разгледување на понудата за дистрибуција и продажба.“
Очекувањата на Турција се од продажбата на „Wattozz“ на годишно ниво да се оствари профит од 250 милиони долари.