Safvan Allahverdi
10 Јануари 2019•Ажурирај: 11 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - САФВАН АЛАХВЕРДИ -
Американскиот сенатор од Јужна Калифорнија, Линдзи Грахам, кој неодамна терористите на ЈПГ/ПКК ги нарече курдски сојузници, изјави дека се надева оти неговата земја за време на активностите во Сирија ќе пронајде пат во кој ќе биде сигурно дека не ја става во опасност безбедноста на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Грахам, кој е член на Комитетот за надворешни работи при американскиот Сенат, присуствуваше на состанокот на републиканските сенатори со претседателот Доналд Трамп, а по состанокот одговараше на прашањата на новинарите на АА за поддршката на САД на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија.
Американскиот сенатор Грахам: „Ја разбираме загриженоста на Турција во врска со ПКК/ЈПГ“
Американскиот сенатор Грахам рече дека од безбедносен аспект ја разбира и дека е чувствителен по прашањето за загриженоста на Турција во врска со терористичката организација ЈПГ/ПКК.
10.01.2019
На прашањето зошто неговата земја ја пружа таа поддршка, Грахам изјави дека припадниците на ЈПГ помогнале во борбата против терористите на ДЕАШ и дека САД не треба да ги напуштат оние кои им биле од помош.
Тој додаде дека од безбедносен аспект ја разбира и дека е чувствителен по прашањето за загриженоста на Турција во врска со терористичката организација ЈПГ/ПКК.
„Го забележувам тоа веќе подолг период. Тоа е една многу чувствителна точка. Ние не сакаме да ги напуштиме нашите сојузници кои таму се борат против еден страшен непријател каков што е ДЕАШ. Исто така, имаме разбирање кон Турција, која има проблем со одредени ограноци на ЈПГ. Се надевам дека ќе најдеме еден пат во кој ќе бидеме сигурни дека нашите активности во Сирија нема да претставуваат закана за безбедноста на Турција и во кој Турција ќе се чувствува безбедно. Заради разговори за сево ова, во скоро време можеби ќе ја посетам Турција“, порача Грахам.
На прашањето на новинарот на АА, која е гаранцијата која САД можат да ја дадат на Турција по ова прашање, Грахам изјави дека „тоа е прашање од 64.000 долари", односно дека тоа е тешко прашање.
Грахам во периодот од 2015 до 2017 година, во повеќе наврати укажуваше на фактот дека ПКК е терористичка организација која ја следи комунистичко-марксистичката идеологија, и дека постои многу блиска поврзаност меѓу ЈПГ и ПКК.
Грахам во врска со поддршката на САД за припадниците на ЈПГ, честопати упатуваше и критички прашања на поранешниот министер за одбрана, Ештон Картер, командантот на Централната команда на САД (CENTCOM), Џозеф Војтел, началникот на Генералштабот на САД, Џозеф Данфорд, директорот на Националната разузнавачка служба (DNI), Ден Котс и на директорот на Разузнувачката одбранбена агенција (DIA), Винсент Стјуарт, а исто така и на бројни други високи американски службеници. Но со доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа, Грахам почна да ги менува ставовите за ЈПГ.
Грахам во 2018 година терористите на ЈПГ-ПКК ги нарече курдски сојузници на САД во Сирија. Меѓу останатото, тој изјави дека САД работат на повлекување на војската од Сирија на начин да обезбедат три работи во Сирија и тоа во потполност да ја уништат ДЕАШ, да го спречат продорот на Иран на местата од кои ќе се повлечат и да ги заштитат курдските сојузници.
Портпаролот на Кабинетот на турското претседателство, Ибрахим Калин, потоа остро ја осуди изјавата на американскиот сенатор, и порача дека терористичката организација ПКК не ги претставува Курдите, токму како што ни терористите на ДЕАШ не можат да ги претставуваат муслиманите и дека како такви терористите на ПКК не можат да бидат ничии сојузници.
„Вие ја знаете директната врска меѓу терористите на ПКК и нивните сириски ограноци ПЈД и ЈПГ и тоа претходно го кажавте поотворено од кога било. Терористите не можат да бидат ваши сојузници. ПКК не може да ги претставува Курдите во Сирија, ниту каде било на друго место“, порача Калин.