Sena Güler
30 Октомври 2018•Ажурирај: 30 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Пет терористи се неутрализирани во воздушните напади во северен Ирак и јужниот дел на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на турскиот Генералштаб се вели дека терористите кои планирале да извршат напади врз турските бази биле неутрализирани вчера во ирачкиот регион Хакурк и јужната турска област Хакќари.
Во соопштението, исто така, се додава дека биле уништени засолништа и магацини со оружје што им припаѓале на терористите.