Recep Şakar
30 Октомври 2018•Ажурирај: 30 Октомври 2018
МЕЛБУРН (АА) - Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди подрачјето на 20 километри јужно Таумарунуи, на новозеландскиот Северен Остров, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Според соопштението на „GeoNet“, епицентарот на земјотресот е на 20 километри јужно од Таумарунуи, на длабочина од 207 километри.
Од друга страна, во соопштението на Цивилната одбрана на Нов Зеланд се вели дека не постои опасност од цунами.
Исто така, Управата за пожари и итни состојби соопшти дека не е пријавена штета.
Според веста на радио Нов Зеланд, по земјотресот што е почувствуван во целата земја одложени се седниците во Парламентот.