Muhammed Emin Canik
23 Јануари 2021•Ажурирај: 26 Јануари 2021
БУЕНОС АИРЕС
Управата за верски прашања на Турција (Дијанет) во Аргентина додели примероци на светатa книга Куранот преведен на шпански јазик, како и основни книги за исламот преведени на шпански јазик, со цел муслиманите што зборуваат шпански јазик да се запознаат со исламот од вистински извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
На церемонија организирана по петочната молитва во џамијата „Ал Ахмад“ во аргентинскиот главен град Буенос Аирес, започна доделувањето на пакетот од 7.000 книги испратени од страна на турски Дијанет, меѓу кои и примероци на светата книга Куранот преведен на шпански јазик, како и основни книги за исламот преведени на шпански јазик.

Амбасадорот на Турција во Буенос Аирес, Шефик Вурал Алтај, на церемонијата укажа на важноста од читањето на Куранот и на вредноста на знаењето, нагласувајќи дека развојот на културата и цивилизацијата е можно преку функционирање на идеите во книгите и во умот.
„Резултат на читањето е да се додаде вредност во животот. Во оваа насока, книгата е нашиот највреден помошник“, рече Алтај.
Меѓу другото, Ердал Аталај, генерален директор на Одделот за надворешни односи при турски Дијанет, рече дека Дијанет вложува напори да биде во контакт со муслиманите низ светот, посакувајќи доделените книги да бидат корисни за луѓето.
Аталај се осврна на можностите што Дијанет ги овозможува за странските ученици и студенти, и додаде дека се подготвени за соработка во случај муслиманите што живеат во Аргентина да одлучат нивните деца да ги образуваат во Турција.
Од друга страна, претседателот на Исламскиот центар на Аргентина, Анибал Баџхир Бакир, нагласи дека муслиманите низ историјата станале уште помоќни со науката.
„Моќниот муслиман не е корисен само за себеси и за уметот, туку е корисен за целото човештво“, истакна Бакир, додавајќи дека исламот не е религија само на една заедница, туку е религија на целото човештво.
Тој упати благодарност до Турција и до турски Дијанет за подарените книги и рече дека ќе се обидат овие книги да ги доделат на муслиманите што живеат низ Аргентина.