İbrahim Hakkı Çetinkaya
23 Јануари 2021•Ажурирај: 23 Јануари 2021
ВАШИНГТОН (АА) -Американскиот претседател Џо Бајден упати извинување на припадниците на американската Национална гарда, откако се објавени фотографии на кои се гледа како спијат во гаража, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајден го повика командантот на единицата откако припадниците на Националната гарда, кои беа на должност во зградата на Конгресот, беа приморани да спијат на паркинг. Упати извинување и праша кои се нивните потреби, јавува „Би-Би-Си" (BBC).
Првата дама на САД Џил Бајден посети некои од војниците за да лично ѝ се заблагодари на Националната гарда.
„Сакав денес да дојдам тука на сите лично да ви се заблагодарам што ме заштитивме мене и моето семејство", рече Бајден.
Фотографиите на Националната гарда кои во градот дојдоа поради инаугурацијата на Бајден, додека спијат во ходниците на Конгресот го привлекоа вниманието на националните и меѓународните медиуми.