Betül Yürük
15 Јануари 2021•Ажурирај: 16 Јануари 2021
ЊУЈОРК (АА) - Лејди Гага и Џенифер Лопез ќе настапат на инаугурацијата на Џо Бајден, што ќе се одржи на 20 јануари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата Лејди Гага ќе ја пее химната на Соединетите Американски Држави (САД), а Џенифер Лопез ќе одржи концерт.
Церемонијата на положување заклетва ќе се одржи со учество на ограничен број луѓе поради епидемијата на коронавирусот и упадот во Конгресот на САД на 6 јануари.
Славниот американски актер Том Хенкс ќе ја води церемонијата, а ќе настапат и Џон Бон Џоуви, Џастин Тимберлејк и Деми Ловато.
Во главниот град Вашингтон безбедносните мерки се покачени на највисоко ниво, а инаугурацијата ќе ја обезбедуваат 20.000 припадници на Националната гарда.