Muhammed Boztepe
26 Април 2021•Ажурирај: 27 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, го критикуваше означувањето на настаните од 1915 година како „геноцид“ од страна на американскиот претседател Џо Бајден, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар истакна дека изјавите на Бајден не се ништо друго туку отфрлање и искривување на историските факти.
„Извлекувањето на анимозитетот од историјата и создавањето нови непријателства е неприфатливо и бесмислено“, рече тој.
Тој додаде дека политизацијата на историјата може да има значителни негативни ефекти врз билатералните односи и регионалната безбедност.
Повторувајќи дека Турција отсекогаш се залагала за разгледување на настаните од 1915 година од страна на историчари, а не од политичари, Акар истакна дека американската администрација не консултира историски документи и архиви за ова прашање поради притисокот од одредени политички моќници и ерменската дијаспора.
Ставот на Турција во врска со настаните од 1915 година е дека смртта на Ерменците во источна Анадолија се случила кога некои застанале на страната на руските освојувачи и се побуниле против османлиските сили. Последователното преместување на Ерменците резултирало со голем број жртви.
Турција се противи на претставувањето на овие настани како „геноцид“, опишувајќи ги како трагедија во која двете страни претрпеа жртви.
Анкара континуирано предлагаше формирање заедничка комисија на историчари од Турција и Ерменија, како и од меѓународни експерти, за решавање на ова прашање.
Во 2014 година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тогаш премиер, изрази сочувство до потомците на Ерменците што ги загубија своите животи во настаните од 1915 година.