Mustafa Melih Ahıshalı
03 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
КАБУЛ (АА) - Турската хуманитарна организација ИХХ им подели пакети со храна на околу 750 семејства на кои им е потребна помош во покраината Парван во северниот дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Помошта е доставена до жителите на областа Горбанд, изјави за АА Муџахит Килич, претставник на Фондацијата за хуманитарна помош (ИХХ) за Авганистан.
Килич истакна дека населението во многу делови на Авганистан се соочува со глад, и дека ИХХ ќе дистрибуира уште поголема помош во прехранбени производи во наредните денови.
Според најновиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на ОН и Светската програма за храна, повеќе од половина од населението на Авганистан - рекордни 22,8 милиони луѓе - се на работ да се соочат со акутен недостаток на храна.
Заемните влијанија на сушата, судирите, Ковид-19 и економската криза сериозно влијаеја на животите, егзистенцијата и пристапот на луѓето до храна.