Emre Gürkan Abay
03 Ноември 2021•Ажурирај: 04 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Директорот на руската служба за надворешно разузнавање (SVR), Сергеј Наришкин и директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, се сретнаа во Москва, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од руската служба за надворешно разузнавање се наведува дека Наришкин и Барнс се сретнале во Москва.
Исто така, се наведува дека страните разговарале за руско-американските односи во рамки на борбата против меѓународниот тероризам.