Mustafa Talha Öztürk
13 Јануари 2023•Ажурирај: 16 Јануари 2023
БЕЛГРАД (АА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека санкциите на Европската Унија кон Русија поради војната во Украина се грешка и дека треба да се укинат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
За унгарското државно радио Орбан рече дека доколку се укинат санкциите кон Русија, цените на енергијата и инфлацијата ќе паднат за половина.
Според Орбан, ЕУ мора да донесе политичка одлука.
„Јасно е дека Америка ја доби војната, а Европа ја изгуби. Се води дебата за тоа дали Русија победи или изгуби. Ако зборуваме во однос на парите, не можеме да кажеме дека Русија изгуби толку многу“, рече тој.
Орбан истакна дека Унгарија нема моќ да ги прекине санкциите, но дека големите држави како Германија или Франција можат.
Унгарија постојано го повикуваше Брисел да го оцени влијанието на санкциите на Блокот врз сите земји членки поединечно поради тековната енергетска криза.