Betül Yürük
13 Јануари 2023•Ажурирај: 16 Јануари 2023
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку шест лица го загубија животот во американската сојузна држава Алабама откако неколку торнада го зафатија југоисточниот дел на државата, соопшти гувернерката Кеј Ајви, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Жалам за загубените животи на шест жители на Алабама во невремето што ја зафати нашата држава“, напиша гувернерката на Твитер.
„Моите молитви се со нивните најблиски и со заедницата. Ние добро знаеме како изгледаат лошите временски услови, но нашиот народ е отпорен. Ќе го надминеме тоа и ќе бидеме посилни“, напиша Ајви.
Гувернерката прогласи вонредна состојба во неколку окрузи кои се најтешко погодени од невремето.
Силниот дожд и силните ветрови предизвикаа голема штета на домовите и оставија десетици илјади луѓе без струја во Џорџија, Мисисипи и Алабама.