свет, образование

Универзитетскиот персонал во Велика Британија на штрајк 18 дена

„Денеска нашиот синдикат се собра за да ја поддржи програмата за ескалирање на штрајкот. Сега почна отчукувањето на часовникот за секторот да постигне договор или да се соочи со прекин на работата“

Aysu Biçer  | 13.01.2023 - Обновена : 16.01.2023
Универзитетскиот персонал во Велика Британија на штрајк 18 дена Фото: twitter.com/ucu

ЛОНДОН (АА) - Повеќе од 70.000 вработени на 150 универзитети во Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена во периодот меѓу февруари и март поради платите, работните услови и пензиите, соопшти Унијата на универзитети и колеџи (UCU), јавува Агенција Анадолија (АА).

Точните датуми на штрајкот ќе бидат потврдени следната недела.

Здружението на работодавачи на универзитетите и колеџите (UCEA), кое ги застапува работодавачите, во средата даде предлог-понуда до Унијата на универзитети и колеџи за плата повисока за 4 отсто и 5 отсто, од каде што одговорија дека понудата „не е доволна“.

„Денеска нашиот синдикат се собра за да ја поддржи програмата за ескалирање на штрајкот. Сега почна отчукувањето на часовникот за секторот да постигне договор или да се соочи со прекин на работата“, рече генералниот секретар на Унијата на универзитети и колеџи, Џо Грејди.

„Универзитетскиот персонал го посветува својот живот на едукацијата и сака да се врати на работа, но тоа ќе се случи единствено ако проректорите на универзитетите го искористат огромното богатство на секторот и го решат над еднодеценискиот пад на платите, неконтролираните практики на вработување и катастрофалното намалување на пензиите. Изборот е нивни.“

Унијата на универзитети и колеџи, исто така, повторно ќе организира гласање за персоналот на сите 150 универзитети за да го обнови својот мандат.

Во меѓувреме, на 1 февруари во штрајк ќе стапат и речиси 100.000 државни службеници поради платите, работните места и условите за работа, барајќи зголемување на платите за 10 отсто, што Владата го смета за недостижно.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.