Burak Bir
13 Јануари 2023•Ажурирај: 14 Јануари 2023
ЛОНДОН (АА) - НАТО ќе распореди извидувачки авиони на системот за предупредување и контрола (АВАКС) во Романија за следење на руските воени активности, објави НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
НАТО се подготвува да испрати извидувачки авиони, познати како АВАКС, во Букурешт за поддршка на зголеменото присуство во регионот, како и за следење на руските воени активности.
„Додека нелегитимната војна на Русија во Украина продолжува да ги загрозува мирот и безбедноста во Европа, не смее да постои сомнеж во решеноста на НАТО да ја заштити и брани секоја педа од сојузничката територија“, рече портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску.
Таа додаде дека АВАКС може да открие авиони на стотици километри, што ги прави клучни за одвраќањето и одбраната на НАТО.
Авионите треба да пристигнат во Романија на 17 јануари.