Турската компанија „Кармод“ го заврши проектот за контејнерска канцеларија во ОАЕ
- Контејнерската канцеларија, поставена во пристанишниот град Шарџа, ќе служи како објект на градилиште за проект за изградба на вили, се наведува во соопштението.
ИСТАНБУЛ (АА) – Турската компанија за префабрикувана и модуларна градба „Кармод“ успешно го заврши и испорача проектот за двокатна контејнерска канцеларија во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), соопшти компанијата денес, јавува Анадолу.
Контејнерската канцеларија, поставена во пристанишниот град Шарџа, ќе служи како објект на градилиште за проект за изградба на вили, се наведува во соопштението.
Музaфер Догрул Ергучлу, менаџер за извоз на контејнерски објекти во „Кармод“, истакна дека контејнерските канцеларии се често преферирани за мобилизација на градилишта поради нивниот ергономски дизајн и практичност, без разлика дали станува збор за масовна станбена изградба или проекти во енергетскиот сектор.
„Од станбени проекти до патна изградба, како и од енергетско производство до рударство, нашите контејнерски конструкции се преферирани за мобилизација на градилишта во тешки услови поради нивната ергономија“, изјави Ергучлу.
„Тие се особено барани во земји со топла клима, како ОАЕ, поради нивната силна изолациска заштита.“
Ергучлу додаде дека проектот зафаќа површина од 828 квадратни метри и се состои од 72 контејнерски единици, секоја со димензии 230 на 400 сантиметри, дизајнирани како двокатен објект.
„Контејнерската канцелариска зграда од 828 квадратни метри ја испративме по морски пат со пакет-систем и ја завршивме инсталацијата со нашите теренски тимови за околу 30 дена“, рече тој.
„Објектот ќе служи како канцеларија на градилиштето за проект за изградба на 550 вили во Шарџа.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
