Büşra Nur Bilgiç
14 Јули 2019•Ажурирај: 15 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека турската армија неутрализирала уште четворица терористи на ПКК во северен Ирак, при што бројот на неутрализираните терористи во рамките на операцијата „Канџа“ е зголемен на 68, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турските безбедносни сили во операцијата „Канџа 2“ исто така уништија и складишта за оружје и засолништа користени од страна на терористите на ПКК“, се вели во соопштението на Министерството.
Операцијата „Канџа“ е започната на 27 мај од страна на турските сили против терористичката организација ПКК во подрачјето на Хакурк, во северен Ирак.
„Турција во саботата, во подрачјето на Хакурк ја започна антитерористичката операција „Канџа 2“, која следува по успешната тековна антитерористичка операција „Канџа 1“, со која се откриени нови информации за терористичката активност“, се соопштува од Министерството.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.