свет

Турската агенција ТИКА ја продолжува помошта во храна за Газа

- ТИКА почна да обезбедува 25 тони помош за 2.500 раселени семејства во Газа

Mehmet Alaca  | 18.03.2024 - Обновена : 19.03.2024
Турската агенција ТИКА ја продолжува помошта во храна за Газа

КУДС (АА) – Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) обезбеди 25 тони помош која се состои од основни прехранбени производи за Појасот Газа, кој е под интензивни напади на Израел од 7 октомври 2023 година, пренесува Анадолу.

Додека хуманитарната криза се влошува од ден на ден во блокираната Газа, ТИКА продолжува со напорите за помош за време на светиот месец Рамазан.

Од почетокот на конфликтот, ТИКА обезбедува помош во форма на храна, лекови и материјали за засолниште во регионот.

По повод месецот на постот Рамазан, ТИКА започна со дистрибуција на пакети со храна за 2.500 раселени семејства во Појасот Газа.

Пакетите со храна, вкупно приближно 25 тони, содржат производи како што се масло за јадење, ориз, доматно пире, грав, хумус, леќа, тестенини, конзервирано месо и риба, и се доставуваат до луѓето во Деир ел-Балах, Рафа и Аз-Завејда, кои се наоѓаат во Појасот Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın