свет

Пет метрополи на ЕУ со вкупна популација од 35,7 милиони лица во 2023 година

- Париз е на врвот на метрополите на ЕУ со 12,4 милиони жители, а потоа следуваат Мадрид, Барселона, Берлин, Рур.

Emir Yıldırım  | 18.03.2024 - Обновена : 20.03.2024
Пет метрополи на ЕУ со вкупна популација од 35,7 милиони лица во 2023 година

ИСТАНБУЛ (АА) - Во пет метрополи на Европската Унија (ЕУ) живеат вкупно 35,7 милиони луѓе во 2023 година, објави Евростат, пренесува Анадолу.

Регионалното биро за статистика соопшти дека францускиот главен град Париз е прв на листата со популација од 12,4 милиони жители.

По Париз следи Мадрид, главниот град на Шпанија, со 6,9 милиони жители, а трета е Барселона со 5,8 милиони.

Во Германија, главниот град Берлин и регионот Рур се со популација од 5,5 милиони и 5,1 милиони жители, комплетирајќи ја на тој начин листата на првите пет подрачја на ЕУ со најголем број жители.

„Најзначајниот пораст на населението е забележан во Мадрид (+322.000). Следат Барселона (+282.000) и Берлин (+222.000)“, се вели во извештајот.

Што се однесува до падот на населението, италијанската престолнина Рим забележа значително намалување од 129.000 во споредба со 2018 година, додека населението во Милано остана стабилно со намалување од 6.000.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın