Barry Ellsworth
10 Јануари 2020•Ажурирај: 11 Јануари 2020
ТРЕНТОН (AA) - Украинкиот авион, кој падна во Иран, веројатно по грешка случајно го собори ирански проектил, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Трудо потврди дека разузнавачките податоци од различни извори донеле до тој заклучок, но дека само „потполна и веродостојна истрага" може дефинитивно да ги потврди овие наводи.
„Доказите говорат дека авионот е соборен со иранска ракета земја-воздух. Признаваме дека тоа можеби е случајно направено. Сакам одговори", рече Трудо на конференцијата за новинарите.
Трудо одби да го обвини американскиот претседател Доналд Трамп, чија акција на убивање на високиот ирански генерал резултираше Иран да испрати ракети во Ирак во знак на одмазда. Неколку часа по тој напад, авионот падна.
Авионот Боинг 737 на украинската компанија „Украиниан Ерлајнс" кој требаше да лета кон Киев, падна на 8 јануари недолго по полетувањето од аеродромот „Имам Хомеини" во Техеран.
Претходно е кажано дека авионот падна од технички причини, меѓутоа, точна причина не е утврдена. Никој од 176 патници и членови на посадата не преживеа.