Seyit Aydoğan
24 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
ТОРОНТО
Канадскиот премиер, Џастин Трудо, на муслиманите во светот им упати честитка по повод месецот Рамазан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трудо изјави дека овој Рамазан ќе биде поразличен од претходните поради пандемијата на Ковид-19, што го погоди целиот свет.
„Традиционално, Рамазан е време за заеднички собири. Семејствата и пријателите во текот на денот го поминуваат времето во пост и заеднички активности и на крајот на денот заедно јадат за ифтар. Оваа година Рамазан ќе биде сепак поразличен бидејќи и понатаму трае борбата против глобалната пандемија на Ковид-19. Останувајќи дома, да се обидеме да ги заштитиме нашите сограѓани следејќи ги советите и препораките на експертите за јавно здравје“, изјави канадскиот премиер.
Тој нагласи дека според исламското верување, Рамазан е месец на благосостојба и духовно размислување.
„За време на оваа криза, основните вредности на исламот, како сочувство, благодарност и дарежливост, доаѓаат до израз повеќе од кога и да било. Рамазан, месец на добротворни цели и духовно размислување, нè потсетува дека ги ставаме потребите на другите пред себе и дека тие вредности ги применуваме во нашиот секојдневен живот. Изразувам благодарност до муслиманите во Канада за секој корисен придонес што секојдневно го преземаат во оваа земја. Во име на нашето семејство, на мојата сопруга Софи и во мое лично име, на сите им посакувам благословен и пријатен Рамазан“, рече Трудо во честитката за Рамазан.