Enes Canlı
24 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
АНКАРА
Во ракетен напад на силите на Калифа Хафтар врз населба во главниот град на Либија, Триполи, е убиено едно лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нападот е извршен првата вечер од Рамазан, најодбраниот месец во муслиманскиот календар.
Портпаролот на Итната служба при Министерството за здравство на меѓународно признатата Влада на национално единство (ГНА), Усаме Али, потврди дека ракетниот напад е извршен врз населбата Ајн Зара.
Во нападите што силите на Хафтар ги извршуваат во последно време загинаа најмалку пет, а ранети се 28 цивили.
Како дел од мерките против новиот тип коронавирус Ковид-19, примирјето во Либија стапи на сила на 21 март. Меѓутоа, силите на Хафтар ги продолжија нападите врз главниот град.
Силите на либиската Влада претходниот месец ја презедоа контролата врз градовите Сорман, Сабратах, Ал Ајајлат, Ал Џамил, Кирдалин и Зелтен, во склоп на операцијата „Бура на мирот“.
Силите од Владата за национално единство на Либија на 27 март ја започнаа операцијата „Бура на мирот“ како одговор на нападите од милициите на Хафтар.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога од власта беше соборен и убиен Муамер ал Гадафи. Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи има поддршка од ОН и меѓународната заедница, додека Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои претежно се поддржани од Египет и Обединетите Арапски Емирати.