Zehra Ulucak,Oktaj Omeragikj
24 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
АНКАРА
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот предизвика смрт на повеќе од 190.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците во врска со пандемијата на Ковид-19, досега во светот како последица на заразеност со новиот тип коронавирус животот го загубиле 191.075 лица, додека вкупниот број на лица што биле позитивни на тестот за Ковид-19 изнесува 2.726.274.
САД се земја со најголем број смртни случаи во светот предизвикани од заразеност со Ковид-19. Во оваа земја досега починаа 50.243 лица. Следуваат Италија со 25.549, Шпанија со 22.157, Франција со 21.856, В. Британија со 18.738, Белгија со 6.490, Германија со 5.575, Иран со 5.481 и Кина со 4.632 смртни случаи.
Останати земји во кои бројот на смртни случаи е над 1.000 се:
Холандија 4.177, Бразил 3.331, Турција 2.491, Канада 2.147, Шведска 1.549 и Швајцарија со 1.549 смртни случаи.
Заразата Ковид-19, што за првпат е забележана во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, се рашири во повеќе од 200 земји и региони низ светот.
Досега од заразеност со новиот тип коронавирус се излекувани 749.751 лице, а сѐ уште се лекуваат 1.785.448.