Zehra Ulucak
23 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 740.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 740.379 лица во светот успеале да ја победат борбата против Ковид-19.
Земјите во кои регистрани се најголем број на излекувани лица од овој вирус се следни:
„Германија (103.300), Шпанија (89.250), САД (84.825). Кина (77.207), Иран (64.843), Италија (57.576), Франција (42.088), Бразил (25.318) и Швајцарија (19.900)“.
Во Турција излекувани се 18.491 лице од Ковид-19.
Бројот на случаи со Ковид-19 во светот изнесува 2 милиони 699 илјади и 462, додека 188.930 лица починаа како последица на оваа пандемија. Во светот се уште има 1 милион 770 илјади и 153 активни случаи кои се во процес на лекување.