Seyit Aydoğan
30 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
ОТАВА (AA) – Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека неговата земја издвоила 45,3 милиони долари за програмите за помош на бегалците во Јордан, јавува Anadolu Agency (AA).
Трудо во Отава се состана со јорданскиот крал Абдула II, а по средбата беше одржана заедничка прес-конференција.
Канадскиот премиер изјави дека Канада за проектите за помош на бегалците во Јордан издвои 45,3 милион долари, а се работи за помош што ќе биде користена во различни проекти на поддршка за 1,6 милиони бегалци во Јордан.
За време на состанокот на двајцата лидери се зборуваше и на темата за регионалната безбедност и стабилност, како и за ситуацијата во Ирак и во Сирија.
„Канада го поддржува Јордан во активностите што ги врши во име на меѓународните заедници. Особено сме горди на проектите за помош на сириските бегалци во Јордан, но и на проектите наменети за Јорданците. Ќе продолжиме да соработуваме за стабилноста и просперитетот да продолжат“, порача Трудо.
Кралот Абдула II истакна дека во последните 20-ина години, петпати престојувал во посета на Канада, и нагласи дека Јордан е единствената земја на Блискиот Исток што има потпишано договор за слободна трговија со Канада.
Тој додаде дека Канада со текот на времето станува сѐ позначаен трговски и инвестицки партнер за неговата земја.