Sayed Khodaberdi Sadat
30 Август 2017•Ажурирај: 31 Август 2017
КАБУЛ (АА) - Во воздушна операција на силите на НАТО во местото Ачин, во авганистанската област Нангархар на истокот од земјата, убиени се 14 припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на гувернерот на Нангархар, Атаулах Хогјани, во изјава за АА истакна дека беспилотно летало на силите на НАТО ги бомбардирало позициите на ДЕАШ во Маманд Мергеј и Сатхан во местото Ачин.
Хогјани пренесе дека 14 припадници на ДЕАШ се убиени во нападот, меѓу кои една жена-терорист.
Тој додаде дека во воздушниот напад нема загинати цивили.