Burak Bir
06 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
ТОРОНТО (АА) - Бројот на смртни случаи во Канада како последица на новиот тип коронавирус се искачи на 7.751 откако во последните 48 часа починаа 193 пациенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Регистрирани се вкупно 381 нов случај на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата изнесува 94.328.
Владата на премиерот Џастин Трудо ќе започне рекламна кампања вредна 88 милиони канадски долари за подетално информирање на Канаѓаните во врска со Ковид-19.
Во рамките на кампањата, Канада ќе продолжи со обезбедување клучни информации за епидемијата, финансиска поддршка за поединци и деловни субјекти, како и со совети за патување за туристичкиот сектор и за јавната сигурност и безбедност.
Опозициските партии велат дека парите треба да се искористат за здравството, а не за рекламна кампања.
Досега пандемијата во светот зеде речиси 395.000 животи, над 6,7 милиони се заразени, додека повеќе од 2,7 милиони се излекуваа, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.