Behlül Çetinkaya
06 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Пакистан во текот на последните 24 часа регистрирани се 4.734 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 93.983, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство, во земјата во последните 24 часа починале 97 лица како резултат на епидемијата. Овој број е најголем број на смртни случаи регистрирани дневно. Во Пакистан вирусот за првпат беше евидентиран на 26 февруари.
Вкупниот број на починати во земјата се искачи на 1.935, а во текот на последните 24 часа регистрирани се 4.734 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 93.983.
Во Пакистан во последните 24 часа направени се 22.185 тестови за Ковид-19, со што вкупната бројка на тестови се зголеми на 660.508.
Бројката на лица што го победија Ковид-19 достигна 32.581.
Министерството за финансии го информираше Сенатот за влијанието на социјалните и трговските ограничувања донесени поради Ковид-19 врз економијата во земјата.
Во информацијата на Министерството се наведува дека поради пандемијата голем број деловни места се затворени и дека 3 милиони луѓе, од кои 2 милиони во услужниот сектор, се соочуваат со губење на нивните работни места.