свет

Мајкл Џордан донира 100 милиони долари за борба против расизмот

„Животот на црнците е важен...Ние сме решени да ги заштитиме и подобриме животите на црнците сѐ додека целосно не се елиминира вкоренетиот расизам во институциите на нашата земја, кој предизвикува неуспех...“

Hüseyin Burak Demirer  | 06.06.2020 - Обновена : 08.06.2020
Мајкл Џордан донира 100 милиони долари за борба против расизмот

АНКАРА (АА) – Легендарниот играч на Американската кошаркарска лига НБА, Мајкл Џордан, и неговиот бренд „Џордан“ („Jordan“) ќе донираат 100 милиони долари за 10 години за борба против расизмот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во време кога продолжуваат протестите поради смртта на Џорџ Флојд, невооружениот Афроамериканец кој минатата седмица почина за време на апсење во Минеаполис, екс-кошаркарот Мајкл Џордан и неговиот бренд „Џордан“ дадоа значајно ветување.

Во соопштението на брендот „Џордан“ споделено на профилите на социјалните мрежи се нагласува одлучноста кон заштитата и подобрувањето на животот на црнците сѐ до целосно истребување на расизмот.

„Животот на црнците е важен. Ова не е соопштение со намера да отвори дебата. Ние сме решени да ги заштитиме и подобриме животите на црнците сѐ додека целосно не се елиминира вкоренетиот расизам во институциите на нашата земја, кој предизвикува неуспех. Најавуваме дека Мајкл Џордан и брендот „Џордан“ ќе донира 100 милиони долари за 10 години за организации кои работат на полето за борба против расизмот, социјалната правда и пристап до образованието.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.