Seyit Aydoğan
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
ТОРОНТО (АА) - Единаесетгодишната муслиманка Кавлах Номан беше нападната во канадскиот Торонто додека одела на училиште, јавува Anadolu Agency (AA).
Номан ја нападнало неидентификувано лице со ножици в раце. Се обидело на девојчето да му ја тргне марамата. Случајот на полицијата го пријави семејството на нападнатото девојче.
„Многу се исплашив“, изјави Номан, ученичка на училиштето „Pauline Johnson Junior". Според нејзините зборови, сѐ се случило додека со нејзиниот брат Мухмаед Закариј одела на училиште. Таа почуствувала како од позади грб и се приближува непознато лице.
Напаѓачот се обидел со ножици да и ја исече марамата на нејзината глава.
„Викнав и тој побегна. Но се врати за неколку минути. Пак се обиде да ја искине мојата марама“, рече таа.
По овој случај Номан се плаши да оди пеш во училиште. Таа му се обратила и на напаѓачот: „Ова што се обидувате да го направите е погрешно. Посебно вака не би требало да се однесувате кон дете“.
Се огласи и канадскиот премиер Џастин Трудо.
„ Моето срце е со девојчето кое е нападнато поради верски причини. Претпоставувам дека се преплашила. Сакам таа и нејзиното семејство, пријателите како и целата муслиманска заедница да знаат дека ова не е Канада“, порача Трудо.
Нападот го осудија и премиерката Онтарио Кетлин Вајн и началникот на Торонто Џон Тори. Полицијата на Торонто трага по напаѓачот.