Mohamad Misto
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
КАМИШЛИ / ИСТАНБУЛ (АА) - Делегација на американската дипломатија ги посети териториите во северна Сирија што терористичката организација ПЈД/ПКК ги држи под окупација, јавува Anadolu Agency (AA).
Делегацијата на американската дипломатија под водство на Макс Мартин, вчера се сретнаа со таканаречениот заменикот на копретседателот на ПЈД/ПКК Алдар Халил и лидерите на организацијата Февзи Јусуф и Бедран Џија Ќурт кои пристигнале од Кандил.
За време на средбата претставниците на терористичката организација ПЈД/ПКК пред претставниците на САД го изнеле барањето за воспоставување на федерално уредување на Сирија.
Подоцна делегацијата посетата ја продолжила во Кобани каде одржала состанок со Ферхад Абди Шахин со кодно име Шахин Џило, таканаречениот командант на СДГ, организација која ПЈД/ПКК ја користи како параван во Сирија.
Американската делегација за време на посетата на северна Сирија се сретнала и и со членовите на Собранието на Рака, кое ПЈД/ПКК го основаше со цел власта во тој регион да ја претстави како цивилна. Во текот на состанокот станало збор за обнова на разрушениот град.
Џило чие име излегува во преден план меѓу членовите на кадарот во Кандил, подолг период е лицето кое раководи со вооружените активности во име на ПЈД/ПКК. Поголемиот дел од операциите на теренот, американските власти ги спроведуваат преку Џило.
Талат Сило кој извесен период ја извршуваше функцијата портпарол на СДГ, организација која е параван на терористичката организација ПЈД/ПКК, го напушти подрачјето, а за АА имаше изјавено: „Постои целосна координација меѓу Џило и американското раководство”.
Водачот на американската делегација Мартин, како член на делегација на САД учествуваше на состаноците во Астана кои се организираа на иницијатива на Турција и Русија, но не присуствуваше на последниот состанок.