Ali Cura
09 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
АНКАРА
Рускиот претседател Владимир Путин ја следеше воената вежба на руската морнарица на Црното Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кремљ е наведено дека Путин, вежбата на руската морнарица во која учествуваа Северната и Црноморската флота, ја набљудувал од палубата на рускиот ракетен крстосувач „Маршал Устинов“.
За време на вежбата, рускиот претседател имаше можност да ги набљудува и тестирањата на крстосувачките ракети „Калибар“ и на суперсоничниот проектил „Кинџал“.
Во воената вежба беа вклучени авионите ловци „Су-30“ и „Су-24“, потоа бомбардерите „Ту-95“, повеќе од 30 воени бродови, над 40 беспилотни летала и една подморница.