Hasan Esen
09 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
ЛОНДОН
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, побара да се стави крај на непријателството меѓу Иран и САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата на британскиот премиер даде писмено соопштение во кое се вели дека Џонсон имал телефонски разговор со претседателот на Иран, Хасан Рохани.
На средбата лидерите зборувале за состојбата во регионот по смртта на иранскиот генерал Касим Сулејмани, при што Џонсон упатил апел да се стави крај на непријателствата.
Освен тоа, Џонсон ја истакнал посветеноста на Британија кон постојаниот дијалог за Договорот за нуклеарната програма, како и кон спречувањето распространување на нуклеарното оружје и намалувањето на тензиите.
Британскиот премиер побарал под итно ослободување на двојниот државјанин Назахин Загхари кој се наоѓа во затвор под обвиненија за шпионажа.
Џонсон во неговото вчерашно обраќање пред Парламентот имаше изјавено дека на рацете на Сулејмани „има крв на британските војници“.
- Тензии меѓу САД и Иран
По американскиот напад и убиството на иранскиот генерал Сулејмани, Иранската револуционерна гарда испука десетици проектили врз американската воздухопловна база „Ајн ал Асад“ во Ирак.
Пентагон соопшти дека врз базите „Ајн ал Асад“ во Енбар и базата во Ербил, во кои се позиционирани американските војници, се изведени ракетни напади со повеќе од 12 балистички проектили.