Mustafa Melih Ahıshalı
09 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани, потсетувајќи на убиството на генералот Касим Сулејмани, а потоа и на нападот на неговата земја врз американските бази во Ирак, нагласи: „Доколку САД направат уште една грешка, ќе се соочат со остра реакција“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската официјална агенција ИРНА, Рохани во телефонскиот разговор со британскиот премиер Борис Џонсон истакна дека нападот врз американските бази е во согласност со членот 51 од Обединетите нации.
Рохани, истакнувајќи дека активностите на САД во регионот се „терористички иницијативи“, рече: „Доколку САД направат уште една грешка, ќе се соочат со остра реакција.“
Тој рече дека доколку европските земји ги исполнат своите ветувања кон Договорот за нуклеарна програма, и Иран, исто така, ќе ги исполни своите обврски.
- „Договорот за нуклеарна програма мора да биде заштитен“
Британскиот премиер Џонсон, во телефонскиот разговор, изразувајќи ја својата загриженост за настаните од минатата недела, ги повика страните да ја намалат тензијата.
Џонсон, нагласувајќи дека е неопходно подобрувањето на односите меѓу Лондон и Техеран, рече дека за да се зајакне меѓународната безбедност, Договорот за нуклеарна програма мора да биде заштитен.