свет

Тројца скијачи загинаа во лавина во Австрија, двајца се повредени

- Австриските власти информира дека тројца скијачи загинаа, а двајца се повредени во лавина во централна Австрија

Associated Press  | 05.12.2021 - Обновена : 06.12.2021
Тројца скијачи загинаа во лавина во Австрија, двајца се повредени

БЕРЛИН

Тројца скијачи загинаа, а двајца се повредени во лавина во централна Австрија, соопштија австриските власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Жртвите биле дел од група од 11 скијачи. Осуммина биле погодени од лавината додека се искачувале на падина во текот на скијачка тура во саботата во областа Твенг во Салцбург.

„Тројца од скијачите биле затрупани од лавината, додека уште двајца биле делумно затрупани, но успеале да се ослободат“, се вели во соопштението на регионалната полиција.

Спасителите успеале да лоцираат двајца од затрупаните скијачи со помош на уредот за претрага.

Едниот од нив веќе бил мртов, а вториот починал подоцна во болница во Клагенфурт.

Третиот затрупан скијач не носел уред за претрага. Тој бил пронајден неколку часа по лавината.

Загинатите се Австријци, двајца на возраст од 19 години и еден на возраст од 24 години. Двајцата повредени скијачи се префрлени во локалната болница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın