Ekipa
05 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
ВИЕНА (АА) - Австрискиот канцелар Кристијан Керн, рече дека владата на таа земја, одреди на 2 октомври да се одржат претседателските избори чие одржување го нареди највисокиот државен суд по утврдените голем број неправилности, јавува Anadolu Agency (AA).
Според австрискиот канцелар Keрн, овој датум треба формално да го одобри и националниот парламент.
Уставниот суд минатиот четврток најави дека одлучувачкиот круг од изборите, што се одржа во мај помеѓу десничарскиот кандидат Норберт Хофер и независниот кандидат Александар ван дер Белене, мора да се повтори.
Судот ја донесе својата одлука по серијата извештаи и разговори со повеќе од 60 луѓе кои укажаа на бројни неправилности при броењето на гласовите добиени по пошта.
Хоферовата десничарска слободарска партија тврди дека за време на броењето на гласовите дошло до пропусти и дека правилата се кршени за време на гласањето, што ги оспорило изборните резултати.