свет

Полска: Исчезна рудар во несреќа во рудник за јаглен, еден повреден

- Несреќата се случила на околу 780 метри под земјата

Associated Press  | 05.12.2021 - Обновена : 06.12.2021
Полска: Исчезна рудар во несреќа во рудник за јаглен, еден повреден Фото: Илустрација / АА

ВАРШАВА 

Во рудник за јаглен исчезна рудар, а еден е повреден, во несреќа што се случи денес во јужниот дел на Полска, известува Агенција Анадолија (АА).

Спасено е едно лице по потресот и уривањето во рудникот.

Томаш Глоговски, портпаролот на полската рударска група, изјави дека во тек е потрага за исчезнатиот рудар во рудникот во Биелшовице, во градот Руда Шлеска.

Спасителите пристигнале до повредениот рудар околу полноќ, по што е хоспитализиран.

Несреќата се случила во саботата наутро на околу 780 метри под земјата.

Бидејќи околу 70 % од енергијата во земјата потекнуваат од црниот и кафеавиот јаглен, Полска соопшти дека не може така бргу да ги укине, како што планираат поголемиот дел од европските земји. Поголемиот дел од рудниците се наоѓаат околу градот Катовице, во јужниот дел на земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın