свет

Најмалиот Куран во светот се чува во музејот во Јордан

- За најмалиот Куран што се чува во јорданскиот музеј се верува дека е стар повеќе од 100 години, со должина од 2,5 и ширина од 1,5 сантиметри. Куранските ајети можат да се читаат само со помош на лупа

Laith Al-jnaidi, Ekrem Biçeroğlu  | 05.12.2021 - Обновена : 07.12.2021
Најмалиот Куран во светот се чува во музејот во Јордан Фото: Мохамед Салахедин / Агенција Анадолија

САЛТ (AA)

- Лејс ел Џунејди


Најмалиот примерок на Куранот, светата книга на муслиманите, се наоѓа во музејот во јорданскиот град Ал Салт, западно од градот Аман, јавува Агенција Анадолија (АА).

Јорданецот Ибрахим Ахмед Невар го чува најмалиот примерок на Куранот во Музејот на народното наследство, што сам го основал. Најмалиот примерок на Куранот го привлекува вниманието на верниците, како и на љубителите на антиката, културното наследство и колекции.

Љубовта кон собирањето и чувањето на предметите кои ја претставуваат вредноста на културното наследство го навела Невар (62) да основа музеј скромен по својата содржина и опрема, но секако богат со културни добра.

Невар за АА рече дека малиот музеј што го основал вклучува 25.000 предмети од културна вредност во градот Ал Салт, а нивната историја датира од почетокот на 20-от век.


- Најмалиот Куран долг 2,5, широк 1,5 сантиметри

Невар од мала кутија извади многу мал примерок на Куранот со зелена корица, а потоа на новинарот од АА му кажа:

„Најмалиот Куран на светот е во нашиот музеј, долг 2,5, широк 1,5 сантиметри.“

Наведувајќи дека порано најмалиот познат примерок на Куранот бил широк 1,75 сантиметри и долг 2,5 сантиметри, Невар истакна дека Куранот во неговиот музеј е сепак помал.

Невар исто така додаде дека датумот на печатењето на копијата на Куранот не е напишан, и наведува дека страниците се внимателно нумерирани и украсени со фини орнаменти.

„Мушаф-и шериф е печатен на тенки и многу мали хартии со што е можно помали букви. Куранските ајети можат да се читаат само со помош на лупа“, објасни тој.


- Постар од 100 години

Невар откри исто така дека Куранот го добил од еден од жителите на градот во 1980 година, дека таа личност и денес е жива и дека Куранот го наследила од својот татко.

Додавајќи исто така дека во 1980-тите години за овој Куран се пишувани многу текстови, Невар рече:

„Експертите велат дека примерокот е објавен на почетокот од 20-от век. Претпоставувам дека овој Куран има историја подолга од стотина години. Оние што ја познаваат историјата на хартијата потврдуваат дека хартијата е со висок квалитет, а изработката и печатењето се исто така уметнички подготвени. Занаетчиите велат дека можеби е отпечатен од Турците или Иранците.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın