Kasım İleri
13 Мај 2018•Ажурирај: 14 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, му се заблагодари на режимот на Северна Кореја поради најавеното затворање на комплексот за нуклеарно тестирање во североисточниот дел од земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Северна Кореја соопшти дека во пресрет на големиот самит кој е закажан за 12 јуни, уште овој месец ќе започне со празнење нуклеарниот полигон. Ви благодарам, тоа е паметен и елегантен гест“, напиша Трамп на Твитер.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, оваа недела го посети Пјонгјанг и преговараше за ослободување на тројца американски државјани од севернокорејскиот притвор.
Помпео за време на посетата постигна конечен договор за одржување на состанок помеѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, кои на 12 јуни ќе се сретнат во Сингапур.
Министерството на Северна Кореја вчера објави дека од 23 до 25 мај ќе го минира и уништува комплексот за нуклеарни тестови во североисточниот дел на земјата.
Во соопштението се наведува дека затворањето на овој комплекс ќе можат да го следат и новинари од САД, Јужна Кореја, Русија и Велика Британија.