Mehmet Nuri Uçar
13 Мај 2018•Ажурирај: 14 Мај 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Голема група еврејски доселеници, утринава, во придружба на израелската полиција, влегоа во комплексот „Ал Акса“ во Источен Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Фирас Дибс, портпарол на Управата на исламски фондации во Ерусалим, за АА изјави дека станува збор за стотици доселеници кои го преплавиле дворното место на комплексот.
Радикалните еврејски организации минатата недела ги повикаа сите Евреи на масовна посета на „Ал Акса“.
Упадот на еврејските доселеници со силно присуство на израелската полиција предизвика нови тензии во Источен Ерусалим (Кудс).