свет

Трамп ја напушти Белата куќа, пропуштајќи ја церемонијата за инаугурација на Џо Бајден

Во воздухопловната база „Ендрјуз“ во близина на Вашингтон се организираше церемонијата за испраќање на Трамп

Dildar Baykan  | 20.01.2021 - Обновена : 20.01.2021
Трамп ја напушти Белата куќа, пропуштајќи ја церемонијата за инаугурација на Џо Бајден

ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, чија претседателска функција завршува денес, ја напушти Белата Куќа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Трамп во утринските часови ја напушти Белата Куќа со цел да патува за Флорида.

Во воздухопловната база „Ендрјуз“ во близина на Вашингтон се организираше церемонијата за испраќање на Трамп.

Со тоа што нема да учествува на инаугурацијата на Џо Бајден, Трамп нема да испочитува уште една традиција.

Џо Бајден во 12:00 часот по локално време ќе положи заклетва во Вашингтон, под интензивни безбедносни мерки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın